ЕИБ стави нарасполагање 100 млн евра за македонските компании

Bez autora
Jul 10 2012

Кредитната линија од 100 милиони евра на Европската инвестициска банка (ЕИБ), обезбедена со посредство на македонската влада, ставена им е на располагање на македонските компании. За таа цел во вторникот во Скопје вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на Македонска банка за поддршка на развојот Драган Мартиновски потпишаа договор со директорот во ЕИБ Доминик Курбин. Наведувајќи дека овој проект претставува продолжение на успешната реализација на првите две кредитни линии, Ставрески истакна дека целта на оваа трета фаза од проектот е продолжување на поддршката на приватниот сектор од страна на Владата преку нови средства да се зголеми ликвидноста на стопанството и извозот.

ЕИБ стави нарасполагање 100 млн евра за македонските компанииКредитната линија од 100 милиони евра на Европската инвестициска банка (ЕИБ), обезбедена со посредство на македонската влада, ставена им е на располагање на македонските компании.

За таа цел во вторникот во Скопје вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на Македонска банка за поддршка на развојот Драган Мартиновски потпишаа договор со  директорот во ЕИБ Доминик Курбин.

Наведувајќи дека овој проект претставува продолжение на успешната реализација на првите две кредитни линии, Ставрески истакна дека целта на оваа трета фаза од проектот е продолжување на поддршката на приватниот сектор од страна на Владата преку нови средства да се зголеми ликвидноста на стопанството и извозот.

Ставрески информираше дека со претходните две кредитни линии од 150 милиони евра биле поддржани 712 проекти на мали и средни претпријатија преку кои се отвориле 3.150 нови работни места претежно во производни и извозни компании.

„Со новите 100 милиони евра вкупната поддршка што владата во текот на овој кризен период ја обезбеди за македонското стопанство е 250 милиони евра, средства што никогаш не биле обезбедени во толкав износ како поддршка на владата за стопанството, изјави Ставрески.

Тој изрази уверување дека овие средства, под услов да се стабилизираат состојбите во Европа и се зголемат нарачките, компаниите ќе ги искористат не само за дневна ликвидност, туку и за инвестиции и отворање нови работни места.

Директорот на ЕИБ Курбин потсети дека претходната кредитна линија е искористена за четири месеци, изразувајќи надеж дека и овие средства ќе бидат распределени во кус временски период

Директорот на МБПР  Мартиновски информираше дека 70 отсто од парите од оваа кредитната линија ќе бидат наменети за малото стопанството, а 30 отсто за големите компании.

Кредитите од 10.000 до 3,5 милиони евра ќе се одобруваат со рок на отплата осум години грејс период од 2 години, а кредитите со износ од 5.000 до 667.000 евра со рок на отплата до 3 години и грејс период од 6 месеци. Каматната стапка е 5,5 отсто

Овие средства до крајните корисници ќе се пласираат преку девет деловни банки – Стопанска банка Скопје, НЛБ Тутунска банка, Комерцијална банка, Охридска банка, Шпаркасе банка, Стопанска банка Битола, Прокредит банка, ТТК  банка и Халк банк.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik